Американската професионална кошаркарска лига НБА денеска го одложи натпреварот меѓу Лејкерс и Шарлот поради големите пожари што владеа во Лос Анџелес и околината.
Дуелот требаше да се игра рано изутрина по средноевропско време, но НБА ќе бара друг термин за негово одржување. Во Лос Анџелес во моментов не постојат услови за нормално живеење, а на никого не му е до кошарка.
Во големите пожари во овој град во Калифорнија, уништени се повеќе од 1.000 објекти, а над 70 илјади жители се евакуирани.


