Откако вчера познатите американски новинари објавија 11 од вкупно 12 имиња кои ќе ги бранат боите на САД на Олимписките игри, Кошаркарскиот сојуз денеска ја потврди информацијата и објави кој ќе биде последниот член.
Станува збор за кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард, еден од најдобрите играчи на својата позиција во НБА. За него, како и за Ембид, ова ќе биде деби во дресот на американската репрезентација и можност да дојде и до првиот трофеј бидејќи САД секако ќе биде главни фаворити за златото во Париз.
Селектор и ова лето ќе биде Стив Кер, а во неговиот стручен штаб пак се најдоа Марк Фју од Универзитетот Гонзага, Тајрон Лу од Лос Анџелес Клиперс и Ерик Споулстра од Мајами. Истиот квартет ја водеше репрезентацијата на ланското Светско првенство.