На четири дена пред крајот на основниот дел од сезоната во НБА лигата, позната е првата двојка од плејофот.
Јасно е дека ќе се сретнат Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс кои не можат погоре од четвртото и подолу од петтото место во Западната конференција. Единствената непознаница е кој ќе ја има предноста на домашен терен бидејќи разликата меѓу нив е една победа, а до крајот двете екипи имаат по два натпревара.

Во финишот од сезоната, се знае само уште дека Бостон Селтикс ќе биде првопласиран во Источната конференција и ќе го има најдобриот биланс пред плејофот.


