Иако за утре останува да се одигра натпреварот меѓу Партизан и Задар, по денешниот меч меѓу Црвена Звезда и Сплит, познати се сите двојки за четвртфиналето од АБА лигата.
Српскиот шампион можеше да бира, но одигра коректно и спортски и ск 92-73 го совлада поранешниот европски првак. Ако победеше Сплит, овие две екипи ќе се сретнеа и во четвртфиналето, а вака Звезда ќе игра против Студентски Центар.
Без разлика на исходот од утрешниот меч, Партизан ќе игра против Игокеа, а Задар со Будуќност, додека последната двојка ја сочинуваат Мега и Олимпија.
Првите натпревари од четвртфиналето се на програмата на 12 април, реваншите се седум дена подоцна, а евентуалните „мајсторки“ на 26 април. Полуфиналните дуели се закажани за 3., 10. и 13 мај, а финалето е планирано да почне на 19 мај со тоа што ќе се игра до три победи.


