Со денешните последни натпревари од групната фаза, познати се сите учесници во нокаут фазата од Европското првенство, а со тоа и изгледот на костурот и осминафиналните двојки.
Веднаш е забележливо дека т.н. долна страна од костурот е исклучително атрактивна и таму ќе се води голема борба за пласман во финалето. Шлагер на осминафиналето ќе биде дуелот меѓу Италија и Словенија, а во тој се уште репрезентациите на Германија, Србија и Франција.

Теоретски, можно е во четвртфиналето да се сретнат Србија и Франција, како и Германија со Италија или Словенија. Впечаток е дека тој што ќе излезе како победник од овој дел од костурот ќе биде фаворит за освојување на титулата на Европското првенство.
Во „горниот“ дел нема толкава конкуренција и на хартија најголеми фаворити таму се Грција и Турција чиј дуел е можен во полуфиналето.


