Денеска беше одиграно последното коло од групите А и Б по што се познати првите четири осминафинални двојки на Еуробаскетот.
На прв поглед, најинтересно се очекува да биде на балтичката пресметка меѓу Летонија и Литванија. Летонците играат на домашен терен до крајот на првенството и сигурно ќе имаат голема поддршка од трибините, додека Литванците останаа без својот најдобар играч Јокас Рокубаитис и тоа може да биде голем проблем.

На останатите три меча има драстични фаворити: Германија против Португалија, Србија против Финска и Турција против Шведска.
Останатите четири осминафинални двојки ќе бидат познати утре кога ќе се одиграат натпреварите од групите Ц и Д, а ќе бидат познат и целиот изглед на костурот и потенцијалните пресметки во четвртфиналето.


