Долгогодишниот НБА тренер и скаут Марин Седлачек во телевизиско интервју откри низа важни информации во врска со трејдот на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс.
Познато е дека на размената инсистираше генералниот менаџер на Мавс, Ник Херисон, но Седлачек тврди дека нивниот однос не бил строго професионален, туку Херисон не можел да го трпи Словенецот, до таа мера што работел се против него. Дончиќ беше миленик на претходниот мнозински сопственик Марк Кјубан кој не дозволуваше лош збор да се каже за него, па Херисон го искористил неговото отсуство во носењето важни одлуки откако продаде голем дел од сопственост на Мавс.
По доаѓањето на новото раководство, Херисон стана генерален менаџер и ја презеде контролата над тимот, а брзо јавно демонстрирал незадоволство од односните во тимот. Најмногу му пречела блискоста на Дончиќ со тренерите, кондициските стручњаци и физиотерапевтите.
„Тој не беше задоволен од релациите на луѓето кои се задолжени за екипата, играчите, поточно од нивната поврзаност со Дончиќ по прашањата на водење сметка за неговата физичка кондиција. Сето тоа поминуваше додека не е направен пресек по што тројца тренери беа отпуштени. Трејдот е работен во строга тајност иако се знае дека Роб Пелинка и Нико Херисон се сретнале на 7 јануари во Далас за да договорат некои детали“, открива Седлачек.
Од ова негово излагање станува јасно зошто Дончиќ не сакал никаков контакт со Херисон откако дознал дека е трејдуван, ниту пак сакаше да коментира за причините за таквиот потег на промоцијата во Лејкерс. Кон крајот на февруари Словенецот првпат ќе излезе на терен против поранешниот тим и тогаш ќе има можност да се одмазди за шокот што му беше приреден.


