По лекарските прегледи извршени во текот на ноќта, објавено е колку ќе трае паузата на Матијас Лесор по тешката повреда што ја доживеа на синоќешниот меч против Басконија.
Францускиот репрезентативец имал среќа во несреќа бидејќи доживеал скршеница на фибулата, една од двете потколенични коски на десната нога. Не страдала тибијата и тоа е добра вест во целата ситуација бидејќи така паузата би била многу подолга, најверојатно околу десет месеци затоа што за тоа е потребен хируршки зафат.
Вака ќе биде надвор од терените околу четири месеци што значи дека најверојатно ќе може да игра во плејофот, односно во четвртфиналето. За Ф4 воопшто не станува збор бидејќи се одржува пред крајот на мај, само Панатинаикос треба да се пласира на него.


