По пауза од безмалку две години, репрезентативецот Андреј Магдевски повторно ќе биде член на МЗТ Скопје откако денеска потпиша договор на една сезона со актуелниот шампион на Македонија.
Последен пат тој го носеше дресот на МЗТ во 2022 година, но само неколку месеци по што замина за Холандија, а потоа и во Пелистер, а играч на клубот од Аеродром беше и во периодот од 2018 до 2021 година. Со клубот од Аеродром освои две шампионски титули во домашното првенство.
Со него во тимот, МЗТ Скопје ќе ја има на куп речиси половина репрезентација на Македонија бидејќи тука се уште Војдан и Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.


