Рекордот што го оствари во дуелот со Пелистер минатата недела очигледно му овозможи на американскиот кошаркар Џошуа Скот да избори трансфер во АБА лигата.
Досегашниот играч на Подгорица од вчера е член на ФМП, а преминот во овој клуб дојде само шест дена откако во Битола постигна 53 поени во рамките на АБА 2 конкуренцијата што е рекорд во ова натпреварување. Со својот ефект го привлече вниманието на многу големи клубови, а најконкретен бил ФМП кој успеа експресно да го донесе во своите редови.
DŽOŠUA SKOT NOVO POJAČANJE PANTERA ✍️
— KK FMP SoccerBet (@BCFMP) December 25, 2024
KK FMP SoccerBet je dobio veliko pojačanje na bekovskim pozicijama. Ugovor sa Panterima potpisao je Džošua Skot (192, 1998) koji je do sada veoma uspešno nastupao za ekipu Podgorice 🏀https://t.co/kGmgCiGjwq#kkfmp #panteri pic.twitter.com/eSQdq4iA08
Претходно, на дуелот против Широки, Скот стана еден од ретките кошаркари кои оствариле трипл дабл во АБА 2 лигата, постигнувајќи 21 поен, 12 скока и 10 скока.


