Екипите на Будуќност и Задар го отворија плејофот од АБА лигата, а убедлива победа оствари црногорскиот претставник кој пред своите навивачи славеше со 100-69.
Шампионот на Јадранската лига од 2018 година беше голем фаворит за победата на овој меч, но никој не очекуваше да слави толку убедливо, со оглед на тоа што Задар забележа низа добри резултати во текот на сезоната. Клучната разлика Будуќност ја оствари во третата четвртина во која кошаркарите на овој тим погодија пет тројки од седум шута и постигнаа вкупно 34 поени, па по 30 минути игра водеа со 76-51.
Интересен беше ефектот на Лука Божиќ кој во четвртокот беше прогласен за МВП на сезоната, вторпат во низа, а синоќа постигна само два поена. На теренот помина речиси 34 минути, но очигледно противничкиот стручен штаб направил одличен скаутинг на него, па тој упати само шест шута од игра, сите за два поена и погоди еднаш. Од линијата за слободни фрлања имаше 0/2, а додаде уште шест асистенции, три скока и две украдени топки за индекс 5. Во категоријата +/- имаше најслаб ефект со -36.


