Лука Дончиќ ќе доживее огромна финансиска загуба по неговиот трејд во Лос Анџелес Лејкерс, тврдат американските медиуми.
Планирано беше претстојното лето Словенецот да потпише супермакс договор на пет години за вкупно 345 милиони долари. Со преминот во Лејкерс, такво нешто не е возможно и максималниот износ кој може да го добие Дончиќ изнесува 220 милиони долари. Тоа значи дека во старт тој губи 125 милиони долари, сума која може да биде и поголема ако Лејкерс не му понудат продолжување на соработката.
„Најпаметен потег за финансиите за Дончиќ би било да потпише тригодишно продолжување на договорот со играчка опција до 2029 година. Тоа би му овозможило подоцна да потпише 10 години свервис и да добие супермакс договор за 72 милиони долари“, напиша аналитичарот на ЕСПН, Боби Маркс.
Статусот на Дончиќ во Далас се промени откако Марк Кјубан го продаде мнозинскиот пакет акции во франшизата и остана малцински сопственик, со 27%. Некои дури тврдат дека Словенецот е трејдуван за да се покаже дека нема недопирливи во тимот и дека новиот газда сака да воведе свои правила.


