Десетина дена по почетокот на подготовките за Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје, селекторот на јуниорската репрезентација Горан Андреевски го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета во следниот период.
Од вкупно 32. кои беа присутни на првиот список, во конкуренција останаа 16 од кои ќе бидат селектирани финалните 12 што ќе настапат на шампионатот. И во следниот период, репрезентацијата останува да се подготвува во Скопје, а до почетокот на првенството ќе одигра и неколку пријателски натпревари. На 5 и 6 јули, јуниорите ќе се сретнат со Црна Гора, потоа и со Романија по што следуваат финалните подготовки.
Европското првенство се игра во периодот од 26 јули до 4 август, а Македонија се наоѓа во групата Ц, со БиХ, Ирска, Чешка, Украина и Кипар.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Бојан Димитријев
Марко Лукановски
Андреј Стојановски
Атанасиј Трајанов
Стефан Стојковиќ
Јордан Кузманов
Давид Петрушевски
Даријан Димовски
Коста Ќириловски
Никола Јаничиќ
Андреј Чадамов
Сергеј Младеновски
Лука Марјановиќ
Сергеј Петровиќ
Матеј Митев
Ристе Букрлишев


