Иако пред неколку недели се чинеше дека само детали го делат кошаркарскиот клуб од Дубаи од влез во Евролигата, работите во меѓувреме драстично се промениле.
Шпански медиуми тврдат дека против овој проект се свртеле неколку европски гиганти, пред се Реал Мадрид, Фенербахче и Баерн. Според информациите, на нив парите не им се важни, но им пречи тоа што ќе мораат да патуваат до Дубаи, како и тоа што влезот на клуб од Азија може да го измести цел кошаркарски пазар. Во Дубаи практично не постои данок, за разлика од Европа и со тоа клубот од овој град ќе биде во предност пред останатите клубови.
Освен тоа, клубовите се незадоволни што претставници од Дубаи веќе контактирале, односно „врбувале“ некои од кошаркарите, нудејќи им далеку подобри финансиски услови за договор со нив. Конечната одлука за евентуален влез на Дубаи треба биде донесена наскоро, а за неколку недела треба да биде потврдено учеството на овој клуб и во АБА.


