Шпанската кошаркарска легенда Хорхе Гарбахоса, во улога на претседател на ФИБА Европа денеска е во посета на Македонија, односно Кошаркарската федерација.
Некогашниот репрезентативец на Шпанија беше пречекан од својот долгогодишен пријател и претседател на КФСМ, Перо Антиќ и од Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.
Посетата на нашата земја, првиот човек на европската зона на ФИБА ја искористи и да присуствува на завршницата на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, односно да биде дел од полуфиналните натпревари кои се играа денеска во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.


