Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е еден од најинтересните кошаркари ова лето на европскиот пазар, по двете одлични сезони во дресот на Уникс.
Последните два месеца постојано се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во Италија и дека наводно веќе потпишал договор со Олимпија Милано, но претседателот на Уникс, Евгениј Богачев ги демантира тиа информации.
„Уште ништо не е потврдено. Ненад помина две прекрасни сезони во Казан и ќе биде тешко да го задржиме. Постојат веројатно некои преговори со клубови од Европа, има интерес за него, но уште ништо не е одлучено“, изјави Богачев.
Димитријевиќ беше МВП на основниот дел од сезоната во ВТБ лигата и логично е да има огромен интерес за него. Сепак, тој има договор со Уникс и за претстојната сезона и веројатно неговиот иден клуб ќе треба да плати отштета за да го донесат во своите редови.


