Петтиот натпревар меѓу Денвер и Минесота почна со мала свеченост во која Никола Јокиќ го доби признанието за најкорисен играч во сезоната која го носи името „Мајкл Џордан“.
The latest Nikola Jokic MVP shirt:
— Mike Singer (@msinger) May 15, 2024
“Remember when you laughed at me?
“Now I have MVP.” pic.twitter.com/A0FgI3hti2
Ова беше прв меч во Денвер откако Србинот беше прогласен за МВП, па моментот беше искористен за да се одржи церемонијата. Наградата на Јокиќ му ја врати комесарот на НБА, Адам Силвер, а играчите на Нагетс на загревање излегоо со специјално дизајнирани маички во чест на МВП. На предниот дел беше поставена фотографијата од детските денови на Јокиќ на која е тој во џемпер од Денвер Нагетс со натпис: „Се сеќавате ли кога ми се смеевте?“.
За Јокиќ ова е трето признание во кариерата, а ќе се обиде на Денвер да му ја донесе втората шампионска титула.


