Редуцираниот состав на Работнички остана уште покус откако поради повреда, од него отпадна поранешниот младински репрезентативец Филип Наков.
Младиот бек има повреда на коленото поради што ќе го пропушти денешниот натпревар против Ангели, а за сабота е закажан лекарски преглед по кој ќе се знае за што точно се работи и колку, евентуално, ќе отсуствува. Работнички во моментов има само осуммина сениори во првиот тим и неиграњето на Наков на подолг рок ќе создаде нови проблеми за тренерот Владимир Мирковски.
Наков досега беше еден од најстандардните во тимот на Работнички, со 19 одиграни натпревари, повеќе од него (20) одигра само капитенот Виктор Ефремовски.


