На неполна недела пред првиот квалификациски дуел за Европското првенство во 2025 година, селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски доби лоши вести од Битола.
Капитенот Војдан Стојановски доживеа повреда на денешниот финален натпревар од Купот на Македонија против Пелистер и во моментов е неизвесна неговата состојба. Според информациите од МЗТ Скопје, станува збор за повреда на задната ложа која вообичаено бара мирување, но веројатно повеќе информации на таа тема ќе има следните денови.
Поради повредата, Војдан не играше половина трета и цела последна четвртина, но неговата замена Дамјан Робев му донесе победа на МЗТ Скопје.


