Најдобриот литвански кошаркар во моментов Домантас Сабонис ја напушти репрезентацијата пред денешниот пријателски дуел против Словенија, објави селекторот Казис Максвитис.
Според него, центарот на Сакраменто Кингс заминал од подготовките поради лични проблеми, но не објасни за што точно се работи.
„Добро тренираше, во добра форма е, само што нема да биде со нас неколку дена“, изјави Максвитис.
Тројниот НБА Ол стар не беше дел од литванската селекција на Светското првенство минатата година. Отсуството на Сабонис ќе биде дополнителен проблем откако својот настап во олимписките квалификации го откажа Јонас Валанчиунас.


