Реал Мадрид потешко од очекувањата ја победи Алба во Берлин, а до триумфот мораше да дојде без еден од своите најдобри кошаркари Џанан Муса.
Босанскиот репрезентативец имал тежок ден во кој стигнал и до болница поради стомачен вирус. Иако состојбата му била подобрена непосредно пред натпреварот, тој не се појави на теренот, а неизвесен е и за утрешниот дуел против Партизан во Белград.
Без него, Реал победи со 86-79, но дури во последната четвртина го скрши отпорот на домашниот тим за кого натпреварот немаше никакво резултатско значење. На вчерашниот натпревар го немаше ниту капитенот Серхио Љуљ кој нема да игра ни против Партизан.


