Кошаркарската федерација на Македонија објави дека сите билети за мечот се продадени и се очекува голема поддршка за нашите кошаркари на дуелот со Естонија.
Од Федерацијата известуваат дека вратите во Кале ќе бидат отворени до 18 часот, еден час пред почетокот на натпреварот.
На македонската репрезентација ѝ е потребна победа за позитивно отворање на квалификациите и зголемување на шансите за прв пласман на Европското првенство по пауза од една деценија.


