На неколку часа пред премиерниот натпревар од новата сезона против Феникс, Работнички официјално ја прекина соработката со кошаркарот кој беше најавен како најголемо засилување во текот на летото.
Од клубот од Градски парк си отиде Весли Персон што е второ заминувањена странски играч на Работнички во период од една недела. Минатиот викенд „центарци“ го раскинаа договорот и со Његош Сикираш, два дена по дуелот против Сутјеска во АБА 2 лигата. Двајцата кошаркари се отпуштени поради проблеми со финансии, со цел да не се прават нови долгови кои потоа би се плаќале во иднина, а би се ризикувала и забрана за трансфери од ФИБА.
Персон, како и Сикираш, за Работнички одигра само еден натпревар, спомнатиот против Сутјеска на кој постигна пет поени и 2 асистенции. Работнички ја отвора новата сезона со вечерашниот дуел против Феникс, но прашање е колку долго може да издржи во сегашната состојба. Од четворицата странци, останаа само Полутак и Јовичиќ.


