Едни од најуспешните македонски кошаркарски школи Вардар и Водно Санс ќе се борат за титулата и во кадетското државно првенство.
Откако минатата недела играа во финалето од У14, а во вторникот и во мечот за трофејот во У18 лигата, утре Вардар и Водно Санс ќе се сретнат и во финалниот дуел од У16 конкуренцијата. Денеска, Вардар беше подобар од Куманово со 97-42, а Водно Санс го победи Работнички со 93-67.
За „црвено-црните“, утрешниот дуел ќе биде можност за хет-трик откако триумфираа на претходните два финални дуела, додека Водно Санс ќе може да ја одбрани честа и да ја заврши сезоната со титула во младинските категории. Освен Вардар, трофеј досега освои и тимот на Феникс во У12 конкуренцијата. Утрешното финале се игра во Кале од 14:30 часот.


