Ако лани се чинеше дека Бостон Селтикс има тим со кој може да направи династија во НБА, ова лето е јасно дека претстои голема реконструкција во екипата и дека ќе се почне одново.
Пред два дена Џру Холидеј беше испратен во Портланд, а ноќеска франшиизата од Масачусетс се ослободи и од Кристапс Порзингис кого го испрати во Атланта Хоукс во трејд на три екипи. Со ова, Бостон можеби го ослабна својот тим, но се ослободи од 70 милиони долари, колку што требаше да им исплати на овие двајца кошаркари претстојната сезона.
Во трејдот, покрај Бостон и Атланта, учествува и Бруклин кој го доби Теренс Мен и 22. пик на претстојниот драфт, додека во Хоукс замина Џорџ Нианг и избор во првата рунда. За Порзингис, Атланта ќе биде петти тим во кариерата, по Њујорк, Далас, Вашингтон и Бостон.
Селтикс претстојната сезона ќе бидат и без Џејсон Тејтум кој ја скина Ахиловата тетива и ќе паузира околу една година.


