Иако беше речиси сигурно, големо прашање во моментов е дали Андреа Тринкиери ќе го преземе Партизан.
Се чинеше дека италијанскиот стручак дефинитивно ќе се врати во Партизан и ќе го преземе тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ. Практично сè беше договорено, а Тринкиери требаше да го преземе тимот по дуелот од Евролигата против Баерн, кој е закажан за четврток вечер. Тимот на тој меч ќе го предводи Мирко Оцокољиќ кој е привремен тренер на Партизан. Веста ја објави италијанскиот новинар Матео Андреани.
„Андреа Тринкиери конечно одлучи да ја отфрли понудата на Партизан, без оглед на оптимизмот од претходните денови. Не е лесно за Партизан бидејќи и други играчи го одбија клубот“, напиша Андреани.
Дали имало притисок врз Тринкиери, дали Италијанецот во меѓувреме се предомислил, ќе се знае многу наскоро. Едно е сигурно, ситуацијата во Партизан воопшто не е добра, а во наредните денови може да се очекуваат нови пресврти…


