Македонскиот стручњак Никола Божиноски ја оствари и четвртата победа во четвртиот натпревар од почетокот на 2026 година.
За продолжување на мамсималниот ефект, нашиот тренер со својот Нахчиван ја совлада Губа со 82-70 и се зацврсти на второто место во својата група од азербејџанското првенство. Иако имаше големи замерки на судењето на овој натпревар, Божиноски сепак успеа да го одведе Нахчиван со нова победа.
По 13 одиграни натпревар, Нахчиван е со биланс 10/3 и буквално игра за себе бидејќи има шест повеќе од останатите четири екипи во својата група, а три помалку од апсолутниот лидер Орду кој е на чело на табелата.


