Екипите на Жалгирис и Валенсија се изборија за четврти натпревари во четвртфиналните серии од Евролигата, против Фенербахче и Панатинаикос.
Жалгирис пред своите навивачи со 81-78 и покрај тоа што во втората четвртина беше во негатива од дури 19 разлика (16-35), а во последниот период губеше со девет разлика. Литванската гордост не се предаде во нивниот, бодрен од своите 15 илјади навивачи успеа да се врати во игра и на крајот да победи против актуелниот европски шампион.
Валенсија по двата загубени меча на домашен терен, вечерва славеше на гостувањето кај Панатинаикос во ОАКА, каде што ќе се игра завршниот турнир од Евролигата. Шпанскиот тим победи со 91-87 со што продолжи трендот на тесни натпревари на овие две екипи. ПАО имаше да направи пресврт во финишот, доби и напад за израмнување и продолжение, но Рогавопулос двапати беше непрецизен од дистанца.
Засега само Олимпијакос обезбеди пласман на завршниот турнир од Евролигата, додека на останатите три серии ќе се играат четврти натпревари.


