Обилните дождови кои ја зафатија Атина и околината претходните денови, предизвика поплава во арената „Мир и пријателство“ во која своите натпревари ги игра екипата на Олимпијакос.
Според информациите во грчките медиуми, причинета е значителна материјална штета, а одложен е натпреварот од домашното првенство против Лаврио кој требаше да се игра на 29 декември. Денеска Олимпијакос игра на гостински терен во Евролигата, против Олимпија Милано, па ќе има извесен период да ги санира штетите.
Поплавени се теретаната и дел од трибините, но најголема штета има на теренот, односно на паркетот. Поплавата е предизвикана од оштетениот покрив кој прокиснува на повеќе места што значи дека ќе треба и тој да се поправи и сето тоа за десетина дена бидејќи на 10 јануари, Олимпијакос го пречекува Баерн во Евролигата.


