И по седум сезони откако е воведен сегашниот систем на натпреварување во Евролигата (2019/20 не се смета бидејќи кампањата не се доигра поради пандемијата со корона вирусот), најдобриот тим од основниот дел не успева да ја освои шампионската титула.
Реал повторно е жртва на проклетството на првото место кое претходно удри по уште неколку гиганти. „Кралскиот клуб“ беше најдобар и во инаугуралната сезона (2016/17), но тогаш не стигна ни до финалето затоа што загуби од Фенербахче кој подоцна се закити и со првиот трофеј во својата историја.
Лани Олимпијакос беше лидер по основниот дел на сезоната, но титулата ја освои токму Реал кој во лигашкиот сегмент го освои дури третото место. Претгодно, во 2021 и 2022 година лидер беше Барселона, но шампионскиот трофеј одеше кај Анадолу Ефес, во 2019 година ЦСКА стана првак и покрај доминацијата на Фенербахче, а во 2018 година Реал беше шампион иако ЦСКА заврши како првопласирана.


