Место во „Јане Сандански“, дуелот меѓу Шкупи и МЗТ Скопје во првото коло ќе се игра во „Кале“, а домаќин ќе биде повратникот во елитната конкуренција.
В сабота во арената во Аеродром ќе се доделуваат стартните броеви за претстојниот Скопски маратон, па МЗТ Скопје не е во можност да го организира натпреварот. Идната седмица аеродромци имаат гостување во АБА 2, па не им одговараше со Шкупи да играат в недела.
Од тие причини, МЗТ Скопје побара, а Шкупи прифати натпреварот да биде префрлен во „Кале“, со тоа што домаќин ќе биде Шкупи кој на овој начин ќе го означи враќањето во Првата лига по пауза од пет години. Интересно е тоа што со ваквиот развој на настаните, МЗТ Скопје ќе биде гостин во првите три кола затоа што по дуелот со Шкупи, му следуваат дуели со Пелистер и Работнички на гостински терен, па првиот меч пред своите навивачи ќе го одигра дури во четвртиот круг, против МКК Куманово на Марин Докузовски.
Во договор со раководствата на МЗТ Скопје и Шкупи, нивниот дуел в сабота ќе се одигра без публика.


