Од 22 до 25 јануари во „Јане Сандански“ ќе се одржи првиот кошаркарски камп на кој како главни тренери ќе се појават неколку тренери од Дивизијата 1 во NCAA.
Кампот е во организација на Hoops & Heritage Global Society чиј претставник за Македонија, а и европски амбасадор е македонскиот стручњак Горан Зинзировски, од летоска генерален менаџер на VMB Academy од Италија. Учесниците на кампот ги очекува четири дена елитен тренинг на кошаркарски вештини, менторство, лидерство, тимска работа и културна размена, како и скаутирање и идентификација на млади кошаркарски таленти со потенцијал за меѓународен развој.

Како главни тренери ќе се појават Американците Џамал Вомак и Џеј Џојнер, додека асистент ќе биде Волкан Чифт од Турција. Вомак е основач и извршен директор на Hoops & Heritage Global Society, поранешен NCAA тренер на St. Francis Brooklyn, директор во NY Renaissance и работел со НБА играчи како Дилан Харпер, Томас Брајант и Доминик Барлоу. Џојнер има повеќе од 20 години тренерско искуство, поранешен NCAA тренер на Rutgers и North Carolina, тренер на годината во Division I конференција во 2018 година и основач на Pinnacle Sports Group. Чифт има големо искуство во турската младинска кошарка, работел со играчи од националните младински селекции и е главен тренер на Suadiye Basketball Pro Team.
Покрај нив тројца, во улога на тренери ќе се јават уште неколку гости од Турција и Македонија.
Пријавувањето на кампот може да се изврши на телефонот +389 77 967 065 или на hoopsnheritage.org.
ПР текст


