Кон крајот на февруари, македонската кошаркарска репрезентацијата ги продолжува претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, а во дуелите со Луксембрг и Азербејџан, нашиот национален тим ќе влезе во нов селектор.
Минатиот месец оставка си поднесе Марјан Илиевски и на негово место е назначен шпанскиот стручњак Жозеп Марија Берокал кој денеска го објави првиот список на кошаркари. На него има 16 имиња кои ќе конкурираат за 12 места на двтаа претстојни дуели.
Репрезентацијата повторно ќе ја предводи Војдан Стојановски, тука е Андреј Јакимовски, по подолго време се враќа натурализираниот Итан Хап кој од летоска е член на шпанскиот Бургос.
Подготовките за претстојните два дуела почнуваат в понеделник од 10 часот, а натпреварите се играат на 27 февруари во Скопје против Луксембург и три дена подоцна во Баку против Азербејџан.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје
Марин Петков – МЗТ Скопје
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ
Амар Хот – Маџари
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија


