На 20-тина дена пред почетокот на подготовките за Олимписките игри, селекторот на американската репрезентација Стив Кер ја направи првата измена во составот.
Од конкуренција отпадна Кавај Ленард кој се уште не ја санирал повредата на коленото и неизвесно е дали ќе успее во тоа до почетокот на манифестацијата. Директорот на репрезентацијата Грент Хил и Стив Кер не сакаат да ризикуваат и веќе ја назначија замената за Ленард. Во тимот ќе биде вклучен Дерик Вајт од Бостон Селтикс кој со својот тим игра во финалето од НБА лигата против Далас.
Останатите 11 играчи засега остануваат исти: Стеф Кари, Девин Букер, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Џру Холидеј, Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џесон Тејтум, Жоел Ембид, Ентони Дејвис и Бем Адебајор. На Олимписките игри, САД се во група со Србија, Судан и квалификант, а пред почетокот, ќе одигра пријателски натпревари со Канада, Австралија, Србија, Јужен Судан и Германија.


