По двата воведни порази, екипата на Атомерому, предводена од македонскиот стручњак Александар Јончевски го оствари првиот триумф во новата сезона од унгарското првенство.
Прва жртва на Атомерому е екипата на Алба која до ова коло беше непоразена во шампионатот. Тимот од Пакс славеше со 94-87, пред се поради одличната трета четвртина која ја доби со 27-17. Во тој период Атомерому имаше предност и од 12 поени разлика (65-53), а се беше решено во последната четвртина во која домашниот тим отиде на +11 во повеќе наврати.
Атомерому ќе има шанса да влезе во победничка серија бидејќи идниот викенд гостува кај последнопласираниот Корменд кој е единствен без победа по досегашните три кола од првенството.


