Јуниорската женска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство од Дивизијата Б, кое ќе се одржи во Тулчеа, Романија.
Кошаркарките на селекторот Виктор Петровски одиграа контролен натпревар против селекцијата на Косово и остварија убедлив триумф со 57-43. Македонија подобро го отвори натпреварот, поведе со 7-2 и по првите десет минути имаше предност од 18-12. Во втората четвртина гостинките возвратија, ја надополнија негативата и на голем одмор заминаа со минимална предност од 33-31.
Во второто полувреме следуваше одлично издание на македонските јуниорки, особено во одбраната. Нашата селекција му дозволи на противникот да постигне само десет поени во тие 20 минути, што беше клучно за убедливиот триумф и дополнителен поттик во пресрет на завршниот дел од подготовките и заминувањето за Романија.
Ива Колева беше најефикасна во македонскиот состав со 19 поени. Мариновска го заврши натпреварот со девет поени, а Пислевска додаде седум.


