Три недели откако го презеде косовскиот прволигаш Раховеци, македонскиот стручњак Горан Самарџиев ја оствари првата победа.
Жртва на неговиот тим беше конкурентот за опстанок Велазними кого на домашен терен го совлада со 86-84. Со тоа Раховеци си ги зголеми шансите за спас бидејќи се израмни со Велазними и во финишот од сезоната ќе се обиде да обезбеди опстанок во елитата.
За да ја оствари својата цел, Раховеци се ослободи од двајца кошаркари и донесе двајца Американци, по еден на бековската и центарската позиција.


