Иако важеше за најголем аутсајдер во групата А од претквалификациите за Европското првенство, репрезентацијата на Луксембург приреди сензација на стартот од овој циклус.
На домашен терен, селекцијата која нема апсолутно никаков успех во својата историја ја совлада Ирска со 89-77 и се промовира во кандидат за првото место во групата. Блескаше Бен Ковач кој постигна 38 поени за 35 минути во игра, но генерално функционираше шутот на репрезентацијата на Луксембург чии играчи погодија дури 16 тројки.
Во второто коло Луксембург гостува кај Азербејџан и ако успее да слави и таму, во февруари може да дојде во Скопје како (ко)лидер на табелата.


