Втроиот мандат на актуелниот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) Предраг Даниловиќ наскоро ќе истече, а со оглед на тоа што нема право на трет, веќе почнаа шпекулациите во врска со неговиот наследник.
Српските медиуми тврдат дека засега има двајца кандидати од кои едниот е првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ. Тој веќе беше претседател на ова тело, од 1995 до 1996 година кога тоа имаше друго име и се викаше Кошаркарски сојуз на Југославија, а Србија беше во заедница со Црна Гора. Вториот кандидат е поранешниот кошаркар на Партизан, Жарко Зечевиќ. Интересно е тоа што двајцата се во поодминати години, Зечевиќ има 74, а Човиќ 66.
Кој од нив и да биде изгласан за претседател на КСС, многу веројатно ќе ја продолжи соработката со Светислав Пешиќ на селекторската функција што ќе биде апсолутно заслужено по среброто на Светското првенство и бронзата на Олимписките игри.


