Последните два дена, во израелскиот прволигаш Хапоел Тел Авив владее хаос поради ситуацијата со американскиот кошаркар Џонатан Мотли.
Вчера беше објавено дека со него, зад грб, во текот на летото преговарале претставници на Црвена Звезда. Сепак, Мотли претходно потпиша договор со Хапоел и остана да го одработи и покрај тоа што имаше можност повторно да игра во Евролигата.
Сепак, веќе денеска Мотли официјално го напушти Хапоел, користејќи ја „војната клаузулуа“ во неговиот договор. Бројни израелски медиуми објавија дека повторно причина за ова Црвена Звезда која е во потрага по центар. По се изгледа дека има вистина во тоа бидејќи првиот човек на Хапоел, Офер Јанај се огласи на Твитер и остро го нападна српскиот клуб.
לאור העליצות והחדווה הבוקר בחלק מעיתוני הספורט אני רוצה להזכיר כמה עובדות בסיסיות:
— Ofer Yannay (@YannayOfer) November 1, 2024
אף שחקן לא עושה טובה שהוא פה. זה כבוד גדול לשחק עבור המועדון הסמל והקהל.
שחקנים מדהימים, הטובים שבטובים רוצים לבוא לשחק עבור הפועל. זו מגמה שצברה תאוצה בקיץ הזה ורק תתעצם. שום ילד שהתבלבל ועשה…
„Врвни играчи сакаат да дојдат и да играат за Хапоел, големи договори се потпишани со сите кошаркари и тоа во период кога безбедносната ситуација беше далеку од добро. Договорите треба да се почитуваат, за нивно прекршување се плаќа, понекогаш скапо. Хапоел нема интерес да продаде свој играч, без разлика на отштетата. За да игра за друг клуб, кошаркарот мора да добие согласност од ФИБА, а за да добие такво нешто со изговор за војна, во ситуација кога му е понудено да живее надвор од земјата е малку веројатно. Црвена Звезда избра погрешен газда за ова танго“, напиша, меѓу другото, Јанај при што ја означи Црвена Звезда на крајот од својот пост.
Засега Мотли не се огласи со информација каде ќе ја продолжи кариерата, но во ваков развој на настаните, тешко дека ќе може да шанса да ја исполни својата цел, а тоа е играње во Црвена Звезда.


