Откако Париз минатата недела обезбеди пласман во финалето од Еврокупот, денеска тоа го направи и Бурж кој со 2-1 го совлада турскиот претставник Бешикташ.
Во „мајсторката“ во Франција, Бурж славеше со 89-63, пред се благодарение на последната четвртина која ја доби со 24-4. Бешикташ не успеа да направи уште едно изненадување како против Гран Канарија и Хапоел Тел Авив и својот настап во Еврокупот го завршува вечерва.
Ова значи дека првпат во историјата, во големото финале од Еврокупот ќе се сретнат две француски екипи, се игра на два добиени натпревари, а предноста на домашен терен ја има Париз. Двата тима беа најдобри во основниот дел, Париз го освои првото место во групата А, а Бурж во групата Б иако тимот од француската престолнина беше далеку подобар, со само еден пораз. Досега само еден француски тим ја освоил титулата во Еврокупот, Монако во 2021 година.
Како и да заврши финалната серија, 99% е сигурно дека идната сезона во Евролигата ќе настапува Париз бидејќи Бурж не е во плановите на раководството на ова натпреварување.


