Грчката кошаркарска легенда Василис Спанулис од денеска официјално е тренер на Монако, како наследник на Саша Обрадовиќ кој минатата недела доби отказ.
Тоа ќе биде негов прв евролигашки клуб како тренер откако претходно го водеше само грчкиот Перистери, а од лани е селектор на грчката репрезентација. И покрај тоа што е легенда на грчката на европската кошарка, факт е дека Спанулис нема големо тренерско искуство бидејќи неговата кариера трае едвај две години и ангажманот во Монако ќе биде огромен предизвик за него.
👏 Vassilis Spanoulis est le nouveau coach de la Roca Team ! 👔👑
✍️ L’AS Monaco est heureuse d’annoncer l’arrivée de Vassilis Spanoulis, en tant qu’entraîneur principal de l’équipe pour deux saisons, plus une en option. 🇲🇨
🔗 Le communiqué 👇https://t.co/7ulro8dP74#RocaTeam… pic.twitter.com/qldSOYkgM2
— AS Monaco Basket 🇲🇨 (@ASMonaco_Basket) November 26, 2024
Грчкиот стручњак потпиша договор до летото 2026 година со можност за продолжување на соработката на уште една сезона, Своето деби како тренер на Монако ќе го забележи в петок, против Панатинаикос.
Тоа ќе биде и враќање за Спанулис во Евролигата во која освои три титули како играч, а каде последен пат настапуваше во 2021 година кога ја заврши кариерата. Тој е во топ-10 по бројот на одиграни натпревари во Евролигата (358), има најмногу одиграни минути (9.379) и во моментов е трет стрелец на сите времиња со 4.455 поени. Пред него се само Нандо де Коло и Мајк Џејмс кои го поминаа откако тој замина во пензија.


