Македонскиот стручњак Емил Рајковиќ им одржа лекција на Русите за време на денешниот избор на кошаркари за претстојниот Ол стар натпревар од ВТБ лигата кој ќе се одржи на 18 февруари.
Во еден момент, падна муабет дека Рајковиќ и Ненад Димитријевиќ се сонародници, а тренерот на ЦСКА го искористи тоа за да посочи на една грешка.
„На вашата интернет страница забележав дека мене и Димитријевиќ не пишувате како северномакедонци. Тоа не постои, новото име на нашата држава е Северна Македонија, но според меѓународните договори, ние по националност сме Македонци“, рече Рајковиќ.
Водителот на емисијата која одеше во живо на интернет страницата на ВТБ лигата вети дека ќе се погрижи тоа да биде сменето.


