Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија денеска го објави првиот билтен во новата сезона кој се однесува на воведното коло и претходно за Суперкупот.
Првата „дебела“ казна во првенството ја доби Работнички кој за дуелот против Феникс, на кој беше во улога на домаќин, ќе треба да плати вкупна сума од 33.600 денари по повеќе основи. Казна од 16 илјади денари е изречена за палење факели во салата Кале, 8 илјади денари поради неспортско навивање, а по 3.200 денари треба да платат Ѓуроски, Полутак и клупата на Работнички.
Поради неспортско навивање на мечот од Суперкупот, со 8.000 денари е казнет МЗТ Скопје, а Вардар ќе плати 6.400 денари за две технички грешки на дуелот против Гостивар на домашен терен.


