Најтрофејниот македонски клуб Работнички брзо најде замена за Малколм Бернард кој го напушти тимот по само десетина дена.
Нов член на „црвено-белите“ од Центар српскиот интернационалец Немања Капетановиќ кој исто така игра на позицијата 2 и треба да биде засилување за надворешната линија. Мал проблем е тоа што Капетановиќ е без клуб од крајот на минатата сезона, но проценка е дека се наоѓа во добра физичка форма и има една недела да се прилагоди на Работнички, пред продолжението од сезоната.

Во својата кариера, 27-годишниот Србин играч во Србија, БиХ и Грузија, а последен му бил клубот кој е во сопственост на семејството на Никола Јокиќ, Џокер. Играјќи за него, минатата сезона просечно постигнувал по 11,3 поени, 3,6 скока и 1,5 асистенции по натпревар.


