Два македонски клуба го испочитуваа рокот за поднесување барање за настап во АБА 2 лигата претстојната сезона.
Тоа го направи третопласираниот тим во домашниот шампионат Работнички, но и ТФТ кој се надева дека ќе добие една од четирите специјални покани во регионалното натпреварување. Предност има тимот од Градски парк кој само во сезоната 2020/21 учествуваше во АБА 2 лигата, но ТФТ врз основа на настапите и впечатокот што го остави претходните три години, има надеж дека ќе влезе меѓу оние 16 екипи кои ќе обезбедам пласман.
До вчера, кога беше последниот рок за поднесување апликација за специјална покана, се пријавиле вкупно девет клуба од шест држави. Покрај Работнички и ТФТ од Македонија, тоа го направија уште: Босна и Слобода Тузла од БиХ, Приморје и Теодо од Црна Гора, Шибенка од Хрватска, Шенчур од Словенија и Вршац од Србија.
Поради големиот интерес, не е исклучено да се играат квалификации за пополнување на АБА 2 лигата, но конечната одлука ќе биде донесена на 19 јуни.


