Иако квалитетот не е на врвно ниво, се поголем е бројот на клубови кои се заинтересирани за учество во АБА 2 лигата.
Поради тоа, раководството на регионалното натпреварување одлучи претстојната сезона, бројот на учесници да биде зголемен од 14 на 16 екипи со тоа што повторно секоја држава од поранешна СФРЈ ќе загарантирани два претставника, а останатите четири екипи ќе влезат со специјална покана.
Меѓу оние кои ќе имаат привилегиран статус при доделувањето на покани е и најтрофејниот македонски клуб Работнички кој домашното првенството го заврши на третото место и доби предност пред ТФТ. Клубот од Градски парк нема многу време за носење на одлуката дали ќе ја прифати поканата за која ќе треба да плати 25 илјади евра. Рокот за поднесување барање истекува в среда (12 јуни), а една недела подоцна, на 19 јуни ќе се знае кои клубови ќе влезат во АБА 2 со специјални покани.
Покрај Работнички, фаворити за специјална покана се уште Босна, Вршац и Тиват. Поранешниот шампион на Македонија само еднаш досега играше во АБА 2 лигата, во сезоната 2020/21 кога го освои 11. место.


