Поранешниот шампион на Македонија, Работнички денеска го одигра својот втор контролен натпревар пред новата сезона.
Во Градски парк, „црвено-белите“ го совладаа Пелистер со 78-73 во меч во кој тренерот Владимир Мирковски направи неколку експерименти, но и се соочи со неколку проблеми. Поштеда доби капитенот Виктор Ефремовски, а повреда доживеа Тарик Брунчевиќ кој во втората четвртина беше удрен во коленото и го пресе остатокот од натпреварот. Утрешните прегледи ќе покажат дали се работи за нешто сериозно.
Освен тоа, центарот Роберт Рикиќ настапи со стомачен вирус, додека Дерин Говенс имаше лимитирана минутажа со оглед на тоа што се работи за подготвителен период. Во голем дел од натпреварот Работнички играше само со домашни кошаркари и секако овој натпревар му беше од голема полза пред натамошниот дел од подготовките.


