Утре Работнички го игра мечот од второто коло на АБА 2 лигата, против еден од најголемите фаворити за титулата Војводина, а на тој меч ќе настапи дополнително ослабен.

Во тимот ќе го нема и српскиот интернационалец Михаило Јовичиќ, но во неговиот случај не станува збор за заминување како кај Весли Персон и Његош Сикираш. Бекот доживеа повреда на рамото на загревање пред дуелот против Феникс во саботата и не играше на тој дуел, но Работнички успеа да ги збие своите редови и да слави во првото коло.

Експедицијата на Работнички денеска пристигна во Нови Сад и тренираше во салата Спенс каде ќе се игра утрешниот натпревар. Од четворица странци, колку што беа ангажирани во текот на летото, остана само Имран Полутак, па товарот повторно ќе падне на домашните кошаркари со тоа што Самарџиев веројатно повторно ќе се потпре на само 6-7 играчи.


