Од минатата година, Работнички не е најтрофеен тим во Купот на Македонија бидејќи МЗТ Скопје изби на чело со 11 трофеи.
Тоа ќе биде мотив плус за клубот од Градски парк пред турнирот што ќе се одржи во Битола од четврток до недела.
„Како играч многу пати го освојував Купот, но сега сум во друга улога. Работнички секогаш атакувал и ќе атакува на сите трофеи, така ќе биде и во Купот на Македонија. Кога сме веќе тука, немам сомнеж дека ќе дадеме се за пехарот да заврши кај нас““, рече Самарџиев.
Најмладиот во тимот на Работнички, Андреј Шошкиќ се надева на првиот трофеј во сениорска конкуренција во својата кариера.
„За противник во четвртфиналето имаме познат тим со кого игравме два пати во првенството. Два пати победивме, но тоа ништо не значи на вакви натпреварувања во кои секогаш се можни изненадувања и сите се со исти амбиции“, рече Шошкиќ.


